КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РАНКОВЦЕ САРДИСАН Дури 12 инспектори влегоа во дуќанот на Спасовски

Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, кој е од Крива Паланка и е одговорен во СДСМ за овој крај на Македонија.

1,629

Нецели 24 часа од објавувањето на името на кандидатот за градоначалник на општина Ранковце од ВМРО-ДПМНЕ, тој се соочува со инспекциски контроли од повеќе државни институции под контрола на владата на СДСМ и ДУИ, пишува порталот Експрес.

Десетина инспектори утрово влегле во дуќан на кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ Борче Спасовски, јавуваат членови на неговата поширока фамилија.






Според очевидци, само еден ден откако беше објавена неговата номинација, вкупно 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски.

Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски, кој е од Крива Паланка и е одговорен во СДСМ за овој крај на Македонија.

Дел од сограѓаните на Спасовски, кој важи за фаворит за победник на изборите, се чудат на огромниот број на инспектори во нивната општина и на фактот што дуќанот на Спасовски се контролира од повеќе институции веднаш откако тој е избран за кандидат за градоначалник на Ранковце.

Поврзани содржини