🎥 КАНДИДАТИ НА СДСМ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО СТРУМИЦА КРВНИЧКИ ТЕПААТ СТРАНЦИ Наместо програма, на изборите нудат тепачи, обвини Манасиевски

Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДСМ и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДСМ владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

852

Вистинската СДСМ се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани, рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на вонредна прес-конференција.

– Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДСМ и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДСМ владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДСМ кои имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДСМ во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него – рече Манасиевски.






СДСМ наместо да понуди визија, програма и идеи, нуди тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДСМ во Струмица, додаде тој.

– Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДСМ врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница. Овие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и бараме осуда и оградување од страна на СДСМ и од локалното раководство. Исто така, бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица – рече Манасиевски.

Поврзани содржини