„КАНЦЕР-МАФИЈАТА Е ЗАШТИТЕНА ОД ОВАА ВЛАСТ“ Криминалот на Онкологија не е запрен, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали – обвинува најголемата опозициска партија.

77

„Канцер-мафијата е заштитена од оваа власт, два месеци откако се обелодени случајот нема одговорност за никого. Јавното обвинителство со непостапувањето и незаинтересираноста со која пристапува кон случајот овозможува канцер-мафијата да продолжи со нерегуларностите“ – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат „според документите кои пристигнаа до нас има сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел. Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали“.






„Според Извештајот за работата на Онкологија, набавките кои се вршени се менувани без согласност од Клиниката. Во Извештајот е нотирано – Нарачките се подготвуваат секој понеделник врз основа на тековна залиха, се одобруваат со потпис од директорите, но не постои писмен допис кој ги одобрува измените на лековите и количините за нарачка. Имено иако се менувани нарачки без писмена согласност, никој од Клиниката, ниту од Министерството за здравство не презел мерки против омилената веледеогерија на власта“ се вели во партиското соопштение.

Партијата тврди дека „сето ова немаше да се случи, ако власта го користеше КАТО-системот кој во целост ја елеминира можноста за злоупотреби на терапиите за болните од рак“.

Поврзани содржини