КАНАБИС ЗАПЛЕНЕТ НА ПРЕМИНОТ „БОГОРОДИЦА“ 90,5 килограми биле скриени во резервните гуми на камион

Канабисот бил пронајден со помош на кучиња душкачи од страна на грчката Независна служба за јавни приходи, а сѐ уште не се знае кој и зошто го пренесувал преку граница.

792

Запленети се 90 килограми канабис на граничниот премин „Богородица“ со Грција, утринава јави дописничка на МИА од Атина. Суровиот канабис бил скриен во 88 пакетчиња во петте резервни гуми на камион кој сакал да влезе од Македонија во Грција.

Канабисот бил пронајден со помош на кучиња душкачи од страна на грчката Независна служба за јавни приходи, а сѐ уште не се знае кој и зошто го пренесувал преку граница.

Поврзани содржини