КАН ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР ВО ЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА Дали некој сакал да го саботира фестивалот?

Полицијата се сомнева дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, а 160.000 домови останале без струја. Кино-проекциите се откажани, но гламурот продолжува во фестивалската палата која има сопствено напојување.

100

Околу 160.000 домови во Кан и во соседните општини од утрово немаат електрична енергија, откако синоќа изби пожар во електричната централа. Француската полиција се сомнева дека пожарот е подметнат.

Се претпоставува дека пожарот во централата во општина Танерон е подметнат, но не постои поврзаност на инцидентот со одржувањето на Меѓународниот филмски фестивал што се одржува во Кан, изјави портпаролката на полицијата.






Операторот на француската електрична мрежа РТФ соопшти дека се работи на обнова на мрежата, но оти е непознато кога ќе завршат работите.

На Канскиот фестивал за вечерава е предвидено доделување на наградите. Фестивалската палата има сопствено напојување со електрична енергија поради што фестивалската програма ќе продолжи, но нема да има проекции на филмови бидејќи кината се вон центарот на Кан.

Фестивалот во Кан се смета за најважен филмски фестивал во светот, заедно со фестивалот во Венеција. Годинава 22 филма се натпреваруваат за главната награда Златна палма.

Поврзани содржини