КАНЈЕ ВЕСТ ЈАВНО ЈА ОБВИНИ КИМ КАРДАШИЈАН ЗА НЕВЕРСТВО Ја „уловил“ со познат кошаркар во кревет

Една од последните објави пред да добие забрана на Твитер беше за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

2,147

Поради своите коментари, но и поради фотографијата од свастика која Канје Вест ја постирал на Твитер, Илон Маск реши да му ја суспендира сметката на социјалната мрежа.

Канје Вест е суспендиран од Твитер и обвинет за „поттикнување насилство“ поради навредливи твитови – само два месеца по неговата последна забрана.






Една од последните објави пред да добие забрана на Твитер беше за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Канје ја обвини својата поранешна сопруга дека го изневерувала со НБА ѕвездата Крис Пол, ветеран кој моментално игра за Феникс Санс.

„Ајде да го направиме ова пред да заминам повторно одовде. Го „уловив“ ова момче со Ким. Добра ноќ”, напиша Канје Вест, а неколку часа подоцна неговиот твитер-профил беше суспендиран.

Ова крена голема прашина бидејќи Крис Пол е во брак со Џад Кроули од 2011 година и со неа има две деца: Кристофер Емануел Пол и Камрин Алексис Пол. Сепак, по ова тој не се огласи, а не се огласи ниту ријалити ѕвездата и поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

Крис Пол оваа сезона игра сѐ помалку и годините го стигнуваат, но сепак има договор за уште три сезони вреден речиси 90.000.000 долари.

 

Поврзани содржини