Кaмора како Брза помош, но 20 пати поскапа, ако некој не сака да плати ќе го убедат!

Неполската мафија има монопол во превезувањето на болните и починатите.

664

Криминалната организација Камора во Неапол, исто така, го регулира превозот на пациенти и починати со приватни амбулантни возила, се вели во истражувањето спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.

Приватна компанија за приватни транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на Камората, обезбеди монопол за итен превоз на пациенти, наплатувајќи услуги од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.






Салвати и наплатил на една мајка 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од болницата во куќата, што предизвикало незадоволство кај граѓаните во шпанските квартови, а тоа било причина весникот да започне со сопствена истрага.

Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори, весникот го откри случајот – „црни крстови“.

Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминираше конкуренцијата заканувајќи се со пиштол, испраќајќи ги своите луѓе и подмитувајќи го болничкиот персонал, тој си обезбеди работа, а весникот го документираше сето тоа.

Спротивно на законот, компанијата на Салвати го превезувала починатиот од болницата во куќата (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробиштата, а тој за таа услуга наплатувал и до 1.500 евра).

На оние кои на крајот би одбиле или се побуниле заради високата цена, тој испраќал членови на Камора за да ги „убедат“ дека е подобро да платат.

Советникот за регионална влада во кампањата, Емилио Борели претходно изјави дека станува збор за „опасно учество во организиран криминал“ и го етикетираше сопственикот на приватната фирма Марко Салвати како лице кое вознемирува, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.

Поврзани содржини