Камион за смет „собрал“ и шест паркирани возила во Тетово

421

Нема повредени при ударот на камион во шест паркирани автомобили што се случи утрово во Тетово кога камион на комуналното претријатие удрил во возилата. Според првичните информации од сведоци на настанот, најверојатно камионот удрил во возилата поради проблем со сопирачките.

– Во 9 часот на улицата Гоце Делчев во Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа со учество на камион управуван од Р.Ф. (54) и шест паркирани патнички возила. Нема повредени, а голема материјална штета бележат паркираните возила. Извршен е увид за да се утврдат причините и деталите од незгодата – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.






Сообраќајката се случила во населбата Колтук каде камионот собирал смет.

Поврзани содржини