КАМИОНЏИИТЕ ГИ БЛОКИРАА ТОВАРНИТЕ ТЕРМИНАЛИ НА ГРАНИЦИТЕ Останатите терминали работат нормално

АМСМ информира дека освен на граничните премини Ќафасан и Блато каде што блокадите почнаа во 12.20 минути на останатите гранични премини блокадите почнаа во 12 часот.

385

Авто-мото сојузот информира дека од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на граничните премини Стар  Дојран, Богородица,  Меџитлија, Деве Баир, Делчево, Ново Село како и на преминот Долно Блаце, а останатиот сообраќај се одвива нормално.

Од 12.20 часот, пак, блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на граничните премини Ќафасан и Блато.






Како што информираат од АМСМ, засега блокиран е само сообраќајот за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина денеска во заедничка координирана акција ги блокираа граничните терминали за товарни возила со што почна седумдневна блокада на ЕУ границите.

Тие бараат да се реши проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

– Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови – изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

Засега нема никаква реакција од земјите од Европската унија.

Поврзани содржини