КАМИОН ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ КОН ПРИЛЕП Целосен прекин кај Дреново, сообраќајот пренасочен

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека, поради блокираниот пат, сообраќајот се пренасочува по стариот пат низ село Росоман.

1,757

Сообраќајот на експресниот пат од Градско кон Прилеп, во близина на селото Дреново, е во целосен прекин поради сообраќајна незгода во која учествувало товарно моторно возило што целосно го попречува патот.

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека, поради блокираниот пат, сообраќајот се пренасочува по стариот пат низ село Росоман.






Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на патот, по што ќе следува нормализирање на сообраќајот. Засега нема информации за евентуални повредени лица.

Поврзани содржини