КАМЕРА ОД АВТОМОБИЛ ГО УЛОВИ ПАДОТ НА АВИОНОТ Еве како настрада романскиот милијардер Петреску (ВИДЕО)
Како што може да се забележи од снимката што ја објави „Corriere della Serra“, црна точка со голема брзина удира во зграда во Милано, Италија.
Камера во автомобил го фатила моментот на падот на авионот во Милано, во кој загинаа осум патници, меѓу кои и познат романски милијардер.
Како што може да се забележи од снимката што ја објави „Corriere della Serra“, црна точка со голема брзина удира во зграда во Милано, Италија.
Во моментот кога авионот исчезнува од видикот се гледа густ чад на небото.
Италијански „Rai News” пренесува дека една од жртвите е Дан Петреску, голем инвеститор, кој се смета за еден од најбогатите луѓе во Романија. Петреску имал романско и германско државјанство и наводно го пилотирал авионот во моментот на несреќата, пренесуваат медиумите.
Меѓу жртвите се и неговата сопруга и синот Дан Стефан Петреску, кои исто така имале двојно државјанство.
Италијанскиот весник „Corriere della Serra” пишува дека семејството со пријателите било на пат кон својата вила во градот Олбија на Сардинија, каде ги чекала 98-годишната мајка на Петрески. Неговиот син работел како истражувач во Канада и дошол во Италија за да присуствува на крштевката на синот на својот пријател.
Инспекторите отвориле истрага за да откријат што довело до тоа авионот да удри во зградата само 11 минути по полетувањето од аеродромот во Милано.
Зградата во која удриле се реновирала, но за среќа, во моментот на ударот немало работници во неа.