КАМЕНИОТ МОСТ ОЛЕСНЕТ ЗА 5 КУБИЦИ ЃУБРЕ Пожарникари ги исчистија непристапните делови

Во текот на акција екипите собраа пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид отпадоци. 

388

Пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид отпадоци се собрани во акцијата за чистење на Камениот мост што била спроведена изминативе денови.

По налог на Град Скопје екипите на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост.






„На екипите од јавните претпријатија на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните  делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Пожарникарите на терен користеа јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје.

Градот продолжува со акции за чистење и отстранување на отпадот во сите населени места, како и објектите од јавен интерес за почиста животна средина за сите граѓани.

 

Поврзани содржини