КАЛИНИНГРАД, НОВОТО БУРЕ БАРУТ? Литванија прекрши договор, 65 километри ја делат од војна

Аналитичарите зборуваат за можна руска офанзива преку сојузничка Белорусија. Всушност, само 65 километри го делат Калининград од Белорусија преку регионот на шуми и села наречен Сувалки. Тој коридор е еден вид тромеѓе, а бил договорен за граница меѓу Полска и Литванија во 1920 година.

4,782

Русија ќе има одврзани раце да го реши проблемот со транзитот на стоки од Литванија за Калининград, доколку ЕУ веднаш „не ја исправи грубоста на Вилнус“, вели руски политичар. Вака стојат работите во малата руска територија во срцето на Европа која за викендов беше отсечена од железничкиот транспорт и од половина од производите кои се увезуваат од Европа, од страна на Литванија со што беше скршен децениски билатерален договор.

„Доколку ЕУ веднаш не ја исправи грубоста на Вилнус, ќе нѐ одврати од легитимност на сите документи за членството на Литванија во ЕУ и ќе ни ги одврзе рацете за да го решиме транзитниот проблем на Калинигад зодаден од Литванија на кој било начин што ќе го избереме“, напиша Андреј Климов, претседател на Комитетот за заштита на државниот суверенитет на Советот на Руската Федерација се закани на Телеграм.

 






Најгустата точка во Европа, руската тврдина

Калининград е одлично опремен со системи С-400, Искандер проектили со нуклеарни глави и општо земено, е една од најгусто снабдените точки во Европа со воена опрема. Тоа е руската тврдина. Гувернерот Антон Алиханов веќе ја повика Русија да воведе контра-мерки кои би ја казниле одлуката на Литванија. Градот сепак продолжува да добива руски производи бидејќи излегува на Балтичкото Море.

Само 65 километри до војната

Аналитичарите зборуваат за можна руска офанзива преку сојузничка Белорусија. Всушност, само 65 километри го делат Калининград од Белорусија преку регионот на шуми и села наречен Сувалки. Тој коридор е еден вид тромеѓе, а бил договорен за граница меѓу Полска и Литванија во 1920 година.

Окупација во 100 часа

Себастиен Роблин во Нешнл Интерест во 2019 година напишал дека Русија би можела да ги освои балтичките земји за помалку од 100 часа, а главните градови на Естонија и Латвија во првите 60 часа. И сето ова пред НАТО почне да реагира. Тој вели и дека од 6,6 милиони жители кои живеат во овие земји нема лица кои управуваат со тенкови и авиони, а за одбрана сметаат на анти-тенковските проектили Џавелин и на пешадијата.

Балтичките земји имаат исто што и Украина

За споредба, проектилите со среден дострел Џавелин беа меѓу првите кои Британија ѝ ги испорача на Украина на почетокот на руската окупација. Украинците до денес се жалат дека тоа што не добија оружје со долг дострел и авиони од Западот ја успори нивната евентуална победа во војната.

Поврзани содржини