Калифорнискиот Дизниленд ќе стане центар за масовна вакцинација од ковид-19
Ние сме им благодарни за нивните напори да се борат против ковид-19 - рече во изјавата главната медицинска службеничка на Disney Parks, Памела Химел.
Дизниленд ќе биде првото место за масовна вакцинација (Super Point-of-Dispensing – POD) во округот, објавија официјалните лица и најавија дека ќе биде отворен за викендот.
– Одморалиштето Дизниленд, најголемиот работодавач во округот Оринџ, понуди да стане првиот масовен центар за вакцинација во округот, преземајќи огромна задача во нашиот процес на дистрибуција на вакцините – изјави претставникот на округот Оринџ, Ендру До.
– Одморалиштето Дизниленд е гордо што може да им помогне на округот Оринџ и градот Анахајм со тоа што ќе им го даде својот имот на користење. Ние сме им благодарни за нивните напори да се борат против ковид-19 – рече во изјавата главната медицинска службеничка на Disney Parks, Памела Химел.