КАЛЕВСКА-ВАНЧЕВА ОТКРИ КОЈ ЈА СНИМАЛ Пратеничката ќе побара извинување од колегата
Јас лично, не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно деловникот, вели пратеничката.
Претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ кажа дека со мобилен ја снимал пратеникот Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во изјава за Фокус, вели дека од Јованчев ќе бара јавно да ѝ се извини за случајот.
– Јас лично, не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно деловникот – вели таа.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Собранието, говореше за деструкцијата на опозицијата и кажа дека пратеник снимал своја колешка на 15 сантиметри од деколтето.