КАКВИ СТОМАЧНИ МУСКУЛИ ИМА СЕВЕРИНА! Во што е тајната на добриот изглед на пејачката? (ФОТО)

Пејачката на фотографијата позира во кратки шорцеви, спортски градник и патики со пуштена коса.

2,660

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се пофали со фотографија од теретана, а во преден план беа нејзините извајани стомачни мускули.

Северина неодамна се врати од егзотична локација каде ги наполнила батериите за работниот период што ѝпретстои. Таа во описот истакна дека тој ден ги вежбала нозете, а објасни и дека чувствува џет-лаг. Тоа е чувство на замор што се создава со патување низ повеќе временски зони.






Пејачката ги почести своите следбеници и обожаватели со фотографии од Малдиви, за кои доби куп лајкови и комплименти на сметка на изгледот.

Севе откри дека зад нејзиниот изглед стои вежбањето, па на Инстаграм сподели фотографија од теретана. Северина покажа како прави вежби за нозе, па тие беа во преден план, но сепак на многумина им падна во очи уште еден детаљ.

Имено, нејзините обожаватели ги забележале стомачните мускули кои дошле до израз бидејќи пејачката овој пат избрала краток топ и шорц за во теретана.

„Убава“, „Леле“, „Бомба“, „Мачка“, се само дел од коментарите кои се најдоа под нејзината објава, а имало и такви кои пејачката ги мотивирала, па напишале дека по нејзината објава ќе почнат да вежбаат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини