КАКВИ ПРИЈАВИ ИМАЛО ДОСЕГА ЗА ПАЛЕВСКИ? Од МВР наведоа дека неовластено прислушкувал, омаловажувал полицаец, носел оружје без дозвола…

736

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за кривичните пријави кои му биле поднесени.

Во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник. Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини
na