Какви цени ве очекуваат во Хрватска, колку чини сместувањето, храната, пијалаците?
Новата вест е дека македонските граѓани сега можат да влезат во Хрватска без ограничувања, односно под истите услови што беа на сила пред воведените мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
Летната сезона зема сѐ поголем замав, а голем број наши граѓани веќе планираат летниот одмор да го поминат на Истра и хрватскиот брег.
Новата вест е дека македонските граѓани сега можат да влезат во Хрватска без ограничувања, односно под истите услови што беа на сила пред воведените мерки за спречување на ширење на коронавирусот.
Што се однесува до цените, тие во хрватските летни одморалишта, во споредба со оние во нашата земја, се помеѓу 30 и 50 проценти повисоки, во зависност од туристичкото место што ќе го изберете. Во споредба со минатогодишните цени таму, цените се скоро исти оваа година.
Десет ноќи во сезона 800 евра
За десетдневен престој, генерално треба да одвоите слична сума како и пред пандемијата, така што за најбараните датуми во јули и август, потребно е да одвоите околу 800 евра за 10 ноќевања во двокреветна хотелска соба.
Цената на сместувањето во становите во Истра во средината на јули е околу 50 евра во Ровињ и Ложињ и 40 евра во Пула и Опатија. Во Пореч, цените се малку поповолни, па можете да најдете ноќевање за само триесет евра.
Слични цени има на Паг, додека ноќевање во хотелите на островот е 65 евра. Во Шибеник едно ноќевање чини 35 евра.
Дури и во јужниот дел на хрватскиот брег, цените не се разликуваат многу. Ноќевање во приватно сместување во Макарска чини околу 50 евра, а на островот Брач можете да го поминете летото од 40 до 50 евра на ден. Во Дубровник, ноќевање чини до 100 евра.
Кафе околу 1,5 евра, пиво околу 2,5, ручек во ресторан околу 9,5 евра
Ако погледнеме на други трошоци, како што се цените на храната и пијалоците, цените не се променија драстично во споредба со минатата година. За да испиете шолја кафе во Риека и Пула, треба да одвоите просечно околу 1,4 евра, во Пореч 2 евра, а во Шибеник 1,3 евра.
За да испиете едно пиво, во Риека треба да платите од 2 до 3 евра, а во Пула од 2 до 6, а во Пореч од 2 до 3,5. Во Шибеник, за половина литар пиво, треба да одвоите од едно евро до 6 евра.
Што се однесува до оброците во ресторан, за едно лице, во Риека ќе ве чини помеѓу 6,6 и 14 евра, како и во Пула. Во Шибеник, цените на ручекот се движат од 5 до 14 евра. Во случај да одлучите да се почестите со вечера во еден од најлуксузните ресторани на хрватскиот брег, треба да издвоите од 26,6 евра до 112 евра по лице.
Патарина околу 37 евра
Во Хрватска патарините се плаќаат според поминатите километри, а покрај автопатот, потребно е да се плати и патарина за тунелот Учка, како и за мостот до островот Крк. Повеќето автопати имаат затворен систем за патарина, што значи дека кога влегувате на автопат добивате ливче за патарина, а на излезот го плаќате.
Во зависност од тоа на кој дел од брегот патувате, цените се, логично, различни. Во случај да се упатите кон Шибеник, треба да издвоите 37,3 евра, за Риека околу 26,5 евра, а за Истра околу 25,3 евра.