Каков шок! Кралското семејство се огласи по повод роденденот на Меган Маркл, што ќе каже славеничката! (ФОТО)
Четириесеттиот роденден на Меган Маркл, кој привлече големо внимание поради фактот што таа и принцот Хари не се во најдобри односи со кралското семејство по низата скандали, штотуку стана уште поинтересен.
Покрај тоа што многумина шпекулираа околу тоа дали, како што налага обичајот, кралицата Елизабета, принцот Чарлс и Камила, и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе го честитаат роденденот на членот на кралското семејство, што Меган сѐ уште е (таа сѐ уште ја користи титулата војвотка од Сасекс), тоа сепак се случи.
Како што познавачот на состојбите во кралската палата веќе коментираше по повод роденденот на Меган, ова се очекувало од кралското семејство, во кое сите погледи беа вперени утрово.
Со ова, тие испратија порака дека не сакаат понатамошни раздори и конфликти и ја исполниле својата кралска должност со стил.
Од сите три официјални кралски профили на социјалните мрежи пристигнаа честитки со соодветни фотографии на Меган.
Кејт и Вилијам „закачија“ и балонче покрај пораката: „Ѝ посакуваме среќен роденден на војвотката од Сасекс!“
Wishing a happy 40th birthday to The Duchess of Sussex! 🎂 pic.twitter.com/qekFyLPmiD
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) August 4, 2021
Истото го направија и на профилот на целото кралско семејство и на профилот на Чарлс и Камила.
Честитката од главниот профил има дури и колаж од фотографии со Меган, а во централното место е онаа со кралицата Елизабета.
🎈 Wishing The Duchess of Sussex a very Happy Birthday today! pic.twitter.com/xvrRH4sEwX
— The Royal Family (@RoyalFamily) August 4, 2021
Wishing The Duchess of Sussex a very happy 40th birthday. 🎈 pic.twitter.com/dCncyhMLrQ
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) August 4, 2021
Коментарите веќе се вжештија, бидејќи фановите на кралското семејство не веруваат дека честитките се искрени.
„Ова е таква фарса, зарем после сѐ што направи“.
„Го направија она што се очекуваше од нив, ништо повеќе“.
„Кого тие се обидуваат да измамат!”
„Уште еднаш, Вилијам и Кејт докажаа дека се класа. Со право позната врлина на кралското семејството”.
Ова се само дел од коментарите кои се сомничави кон односот што кралското семејство го има кон Меган и Хари.
ФОТО: Твитер