Каков гест! Холандската принцеза Амалија одби 1,6 милиони евра од буџетот ФОТО

2,500

Принцезата Амалија, наследничка на холандскиот престол, се откажа од своето право на годишен приход, бидејќи ако прифатила, како што рекла таа, ќе се чувствувала непријатно.

Најстарата ќерка на кралот Вилем-Александар и кралицата Максима му пишала на премиерот Марк Руте дека сака да се откаже од своите права на 1,6 милиони евра за лични и домашни трошоци.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

Таа во четвртокот положила матура и потоа во писмото навела дека не сака пари додека не ги добие соодветните кралски должности.

Амалија рекла дека по завршувањето на училиштето има намера да паузира една година, а потоа да започне да студира, пренесе Танјуг.

„На 7 декември 2021 година ќе имам 18 години и, според законот, ќе добијам додаток“, напишала Амалија во писмото објавено од холандската јавна телевизија НОС.

„Мислам дека тоа би било непријатно додека не работам ништо, додека на другите студенти им е многу потешко, особено во овој период на коронавирусот“, додала таа.

Таа рекла дека годишно ќе враќа 300.000 евра приход и дека нема да бара 1,3 милиони евра сè додека во улогата на принцеза ќе нема големи трошоци.

НОС наведува дека ова е првпат некој член на кралското семејство да одбие да бара плата и надомест на трошоците.

Холандската монархија ја надмина Британија како најскапа во Европа, покажува истражувањето спроведено од 2012 година, пишува „Гардијан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Koninklijk Huis (@koninklijkhuis)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини