Како земја на сончоглед, поприродно е да трошиме сончогледово, наместо маслиново масло

„Причината заради која решивме да почнеме со производство на сончогледово ладно цедено масло е тоа што сончогледот како суровина е најзастапен на нашето поднебје и секако дека е и поприродно да користиме сончогледово масло зашто и нашите предци го користеле овој производ, познат како шарлаган“, вели Роберт Коцев, постариот пријател и кум, а од неодамна и партнер на Александар Димитриевски, во производството на ладно цедено сончогледово масло.

1,729

Ладно цеденото масло од сончоглед кое е релативно ново на нашиот пазар за првпат го пробавме на зелената тераса во „Јавна соба“ каде што во текот на јуни беше отворен пазар на наши локални и органски производи. Меѓу нив и Био Оил, ладно цедено сончогледово масло со вкус каков што досега не сум почувствувала, а за кој, како што подоцна ми објаснија производителите, е всушност вкусот на стариот добар македонски шарлаган.

„Во минатото, во Македонија се користел само ваков вид на масло, кое се добива со пресување и цедење на одредени растенија, а најмногу од афион. Ова масло се нарекува Шарлаган. Затоа и, оние кои некогаш во животот имале можност да го пробаат ова масло, како на пример татко ми, кој ми има раскажувано многу приказни за тоа како порано семето, најчесто афионово, а подоцна и сончогледово, се дробело со камења, а камењата ги влечеле коњи, кога ќе го вкусат нашето масло, изненадено велат: „Еј, ова е како стариот добар македонски шарлаган!“, раскажува Роберт Коцев, постариот пријател, кум, а од неодамна и партнер на Александар Димитриевски, во производството на ладно цедено сончогледово масло.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини