КАКО ВО ПЕЧКА Изгореа 200 автомобили во гаража во Шведска

Пожарот е ставен под контрола и засега нема информации за повредени, пренесува ДПА.

364

Паркинг-гаража со 200 автомобили беше опожарена во текот на ноќта во шведскиот град Марста, северно од Стокхолм, јави ДПА.

– Покривот на гаражата се урна и објектот веќе не може да се спаси – изјави портпаролот на спасувачките екипи за шведската новинска агенција ТТ.






Напорите за гаснење на пожарот беа многу тешки, додаде тој, опишувајќи ја ситуацијата како „да сте во висока печка“.

– Поради топлината, пожарникарите не можеа доволно да се приближат до возилата – рече тој.

Пожарот е ставен под контрола и засега нема информации за повредени, пренесува ДПА.

Причината за пожарот сѐ уште испитува.

Поврзани содржини