КАКО ТРГНА ГОДИНАТА СО ДАНОЦИТЕ? Наплатата пораснала за 25 отсто, најмногу кај ДДВ
Наплатата кај ДДВ е за 33 отсто поголема од лани, кај данокот на добивка за 6,25 отсто, додека кај данокот на личен доход собрани се за 5,49 отсто повеќе пари од лани.
Близу 128 милиони евра се собрани од даноци во јануари. Управата за јавни приходи пресмета дека тоа е за 25 отсто повеќе од собраното во јануари 2021 година. Во однос, пак, на собраните даноци во 2020 година наплатата кај ДДВ е во пораст, но кај данокот на добивка и на личниот доход е забележано намалување.
По обичај наплатата кај ДДВ во јануари споредено со јануари лани пораснала за 33 отсто. Наплатата кај данокот на добивка за 6,25 отсто, додека кај данокот на личен доход собрани се за 5,49 отсто повеќе пари од лани.
Споредбата со 2020 госина, пак, покажува дека кај ДДВ има пораст од 30,83 отсто, а кај данокот на добивка има пад за 0,85 отсто. Пад од 0,81 отсто има и кај данокот на личен доход.