КАКО СЛАВИ ЧОВЕКОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 140.000 ДОЛАРИ СЕКОЈА МИНУТА Безос со девојката ја дочека 2022 (ФОТО)

Милијардерот и неговата девојка прилично се опуштиле, а друштво им правеле неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико, и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

3,108

Основачот на Amazon, Џеф Безос (57) и неговата девојка Лорен Санчез (52) ја дочекаа Новата година на забава која се случувала покрај базен во Сент Бартс.

Милијардерот и неговата девојка прилично се опуштиле, а друштво им правеле неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико, и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.






Безос, силните мускули на кои неуморно работи во последно време, ги вовлекол во кошула, а на главата носел очила за сонце во форма на срце.

„Толму многу се забавувавме синоќа славејќи со луда диско забава со семејството, но Новата година е исто така одлична можност да се фокусираме на личниот раст, обнова, повторното раѓање и обрнувањето внимание на секој момент од животот. Добро и лошо, секој. Славете и растеете“, порачал Безос на социјалните мрежи, а неговата вљубена девојка му го порачала следново: „Те сакам, душо. Поради сите причини и без причина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

Безос и Санчез се неразделни и се многу блиски, а последните неколку дена уживаат во секој заеднички момент на одморот. Досега беа на планинарење, се сончаа на јахта и се занимаваа со бројни други романтични активности.

Тој и неговите пријатели изнајмиле луксузна јахта која може да спијат до седум луѓе во главниот апартман, а има и две двојни кабини и уште две дополнителни кабини. Цената за изнајмување изнесува од 38.000 до 42.000 долари, плус трошоци.

 

 

Поврзани содржини