КАКО СЕ „КОВAШЕ“ ПРЕДЛОГОТ? Пендаровски директно со Макрон разговарал за модификацијата (ФОТО)
Долг ден во Мадрид. Со претседателот Макрон директно разговаравме за модификациите на францускиот предлог, информира Пендаровски.
Претседателот Стево Пендаровски објави фотографии од неговата денешна средба со неговиот француски колега Емануел Макрон на Самитот на НАТО во Мадрид.
– Долг ден во Мадрид. Со претседателот Макрон директно разговаравме за модификациите на францускиот предлог – информира Пендаровски.
Претходно Макрон објави дека е пронајден компромисен договор меѓу Македонија и Бугарија, кој е прифатлив за двете страни.
– Премиерот и претседателот на Бугарија потврдија дека го прифаќаат предлогот. За прифаќање ќе бидат потребни консултации во Скопје. Ова решение носи сигурност, предвидливост и сигурност за надминување на споровите наследени од минатото – додаде Макрон.
Претседателот Пендаровски изјави дека го видел, како што вели, „модифицираниот“ француски предлог и дека тој е „далеку подобар за нас во споредба со претходниот“.