СЕ ТРКАЛАА КАКО ПРАСИЊА Хаос во Германија, тепачка, немили сцени, полицајци заглавени во кал! (ФОТО+ВИДЕО)
Тензиите меѓу полицијата и климатските активисти ескалираа во саботата, кога полицајците употребија водени топови и палки за да ги растераат активистите. Околу 20 демонстранти се повредени и пренесени во болница, вели докторот на оваа група активисти.
Неколку стотици полицајци отстранија околу 300 активисти од селото Лицерат во близина на Менхенгладбах, во операцијата што започна во средата. Две лица сѐ уште не се предаваат, а се скриени во подземен тунел кај Лицерат, додава полицијата.
– Во селото Лицерат повеќе нема активисти – соопшти локалната полиција, додавајќи дека се отстранети и 35 куќички на дрвја и околу 30 дрвени градби каде привремено се наоѓале активистите.
Климатските активисти велат дека селото и другите објекти во околината не треба да се уништуваат, а рудникот за јаглен под нив да не се проширува. Тие велат дека согорувањето на јаглен ги поткопува напорите на Германија за намалување на емисиите.
Сопственик на просторот каде што се наоѓа селото е енергетската компанија „RWE“, а последниот жител се иселил пред една година. Германија вети постепено укинување на јагленот до 2030 година, а потоа го одложи датумот до 2038 година.
„Полицајците си ги искривија глуждовите во калта“
cops defending coal mine get stuck in mud #Luetzerath pic.twitter.com/xHJBoukRsN
— Max Granger (@_maxgranger) January 15, 2023
Тензиите меѓу полицијата и климатските активисти ескалираа во саботата, кога полицајците употребија водени топови и палки за да ги растераат активистите. Околу 20 демонстранти се повредени и пренесени во болница, вели докторот на оваа група активисти.
Портпаролот на полицијата изјави дека околу 70 полицајци биле повредени откако почнале да отстрануваат луѓе од средата, а повеќето биле повредени за време на судирите во саботата.
Полицијата претходно соопшти дека демонстрантите, од кои многумина носеле маски и фантомки, фрлале камења и молотови коктели.
Повредите се само делумно резултат на насилството на демонстрантите, бидејќи дел од полицајците, меѓу другото, ги искривувале глуждовите во калливата земја, а има и повредени демонстранти, пренесува германскиот весник Франкфуртер Алемајне цајтунг“.
Организаторите на протестот тврдат дека во саботата имало околу 35.000 демонстранти, додека полициските власти велат дека имало околу 15.000.
Peaceful protesters are trying to prevent the emissions of 280.000.000 Tons of CO2 in Lützerath.
German authorities respond with torture.#LuetziBleibt
🎥 @DanniPilger pic.twitter.com/22ZMHlA9Bg— ᴊᴏᴀɴɪᴇ ʟᴇᴍᴇʀᴄɪᴇʀ (@JoanieLemercier) January 10, 2023
Активистите го запленија багерот
Климатските активисти утринава окупираа огромен багер во рудник за јаглен во западна Германија во знак на протест поради уништувањето на блиското село поради проширување на друг рудник.
Како што пренесува АП, од енергетската компанија „RWE“ за германската новинска агенција ДПА изјавила дека четири лица рано утринава се качиле на багерот и дека работата во рудникот за лигнит Хамбах е прекината. Полицијата е известена за инцидентот, додаваат од компанијата.
Групата против јаглен во Германија, „Ende Gelenende“, на веб-страницата „Мастодон“ објави дека друга група активисти се искачиле на мостот за да го блокираат пристапот до селото Лицерат, што стана фокус на еколошките протести минатата недела.