KAKO ПЕНТАГОН ГИ ВОДИ СВОИТЕ ПРОКСИ-ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Најмалку 23 „операции“ се воделе под кодот „127-ехо“

Додека критичарите тврдат дека, поради недостаток на надзор, програмите 127e ризикуваат да ги вклучат Соединетите Држави во кршење на човековите права и да ги заплеткаат САД во странски конфликти без за тоа да знаат Конгресот и американскиот народ, поранешните командоси велат дека 127e е од клучно значење за борбата против тероризмот.

494

Најмалку 23 војни кои САД ги воделе меѓу 2017 и 2020 година водат до една тајна воена програма на Пентагон, која има кодно име „127е“ или „127-ехо“ како што го знаат постарите генерали, пишува Интерсепт. Тоа се војни преку посредник, не директни, наречени прокси-војни, по кои Американците се познати. Меѓу нив е и сегашната војна во Украина, во која САД војуваат со Русија преку грбот на една мала нација.

Меѓу 23-те „програми“ спроведени од командосите влегуваат и дејствија на Блискиот Исток, во Пацификот и во Африка.






Џозеф Вотел, пензиониран армиски генерал со четири ѕвезди, кој ги предводеше командата за специјални операции и Централната команда, го потврди постоењето на претходно неоткриени напори за „контратероризам“ 127e  во Египет, Либан, Сирија, и Јемен.

Друг поранешен висок функционер во одбраната, кој побарал да остане анонимен во разговорот за доверлива програма, потврди дека претходна верзија на програмата 127e исто така била на сила во Ирак. Програма 127e во Тунис, со кодно име Обсидијанска кула, која никогаш не била признаена од Пентагон или претходно идентификувана како употреба на авторитетот 127e, резултирала со борба на американските сили со локалните сили во 2017 година, според друг сет на документи добиени од порталот Интерсепт.

Ни Стејт департментот не знае многу за 127е

Трет документ, таен меморандум кој беше преработен и декласифициран за објавување на порталот, фрла светлина врз белезите на програмата, вклучително и употребата на овластувањата за обезбедување пристап до области во светот инаку недостапни дури и за најелитните американски трупи.

Документите и интервјуата даваат досега најдетална слика за нејасен орган за финансирање што им дозволува на американските командоси да спроведуваат антитерористички операции преку „странски и нерегуларни партнерски сили ширум светот“. Основните информации за овие мисии –  каде се извршуваат, нивната зачестеност и цели, како и странските сили на кои се потпираат САД за да ги извршат се непознати дури и за повеќето членови на релевантните конгресни комисии и клучниот персонал на Стејт департментот.

127 ехо е прокси операција

– Ако некој 127-ехо програмата ја нарече прокси операција, тешко би било тоа да го оспориме – вели поранешен висок фунцкионер од американската одбрана.

Преку 127e, САД вооружуваат, тренираат и обезбедуваат разузнавачки информации за странските сили. Но, за разлика од традиционалните програми за странска помош, кои првенствено се наменети за градење локални капацитети, партнерите 127e потоа се испраќаат во мисии насочени од САД, насочени кон американските непријатели за да ги постигнат целите на САД.

– Странските учесници во програмата од 127 ехо ги пополнуваат празнините за кои немаме доволно Американци да ги пополниме – вели функционерот.

Пензионираните генерали велат дека програмата е исклучително ефикасна во таргетирање на милитантните групи, а истовремено го намалува ризикот за американските сили. Но, експертите за Интерсепт изјавија дека употребата на малку познатиот авторитет предизвикува сериозни грижи за одговорноста и надзорот и потенцијално го прекршува Уставот на САД.

САД имаат 750 воени бази низ светот, фото: твитер/Алџезира/принтскрин

310 милиони долари за три години

Еден од документите добиени од порталот ги става трошоците за операциите 127e помеѓу 2017 и 2020 година на 310 милиони долари, дел од воените трошоци на САД во тој временски период, но значително зголемување од буџетот од 25 милиони долари наменет за програмата кога таа била првпат одобрена под друго име, во 2005 година.

Додека критичарите тврдат дека, поради недостаток на надзор, програмите 127e ризикуваат да ги вклучат Соединетите Држави во кршење на човековите права и да ги заплеткаат САД во странски конфликти без за тоа да знаат Конгресот и американскиот народ, поранешните командоси велат дека 127e е од клучно значење за борбата против тероризмот.

– Мислам дека ова е непроценлива програма – вели Вотел.

– Тоа дава можност за остварување на антитерористичките цели на САД со локални сили кои можат да се прилагодат на уникатните околности на разните специфични операции – додава тој.

Поврзани содржини