🎥 КАКО ЈОКИЌ НАВИВА ЗА СВОЈОТ КОЊ Реакцијата на кошаркарот ги насмеа сите
На видеото се гледа како Јокиќ со нетрпение го следи финишот од трката, а потоа и неговата искрена реакција откако коњот, за кого очигледно навиваше, ја изгуби победата во последните метри.
По исцрпувачката НБА сезона и елиминацијата од плејофот, српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ одлучи да се повлече од вревата на американските арени и да се врати таму каде што најмногу се чувствува свој – на Балканот.
Откако беше забележан на рафтинг по реката Тара, па потоа и на краток одмор во Црна Гора, сега Јокиќ се врати во неговиот роден Сомбор, каде што повторно го насочи вниманието кон својата втора голема љубов – коњските трки.
На хиподромот во Сомбор, Јокиќ беше дел од публиката која со голем ентузијазам ја следеше трката во која настапи неговиот коњ. Спортистот, кој често знае да нагласи дека коњите и трките му претставуваат вистинска терапија, беше емоционално вклучен и овој пат – нешто што го потврди и снимка што се прошири на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Јокиќ со нетрпение го следи финишот од трката, а потоа и неговата искрена реакција откако коњот, за кого очигледно навиваше, ја изгуби победата во последните метри.
За разлика од неговиот смирен и неконфликтен став на теренот, каде ретко покажува силни емоции, на хиподромот Никола не ја криеше разочараноста. Фановите веднаш почнаа да коментираат дека таа негова страна го прави уште попривлечен за јавноста – човек кој, и покрај милионите и славата, останал приземјен и верен на своите корени и пасии.
За Јокиќ ова е повеќе од само хоби. Трките со коњи се семејна традиција и лична страст што тој ја негува со истата посветеност како и кошарката. По заморната сезона, одморот помеѓу блиските и животните кои ги сака, е неговиот начин на полнење батерии.
И додека многумина од неговите колеги го бираат луксузот на тропските острови, Јокиќ избира да биде „еден од народот“, со чизми во кал и раце на узди, далеку од светлата на големата сцена – но сè уште под светлото на љубовта на своите луѓе.
@alo_portal Jokićeva reakcija nakon što je njegov konj izgubio u završnici trke #alo #alodnevnenovine #alonovine #aloportal #nikolajokic #sombor #konjsketrke #viral_video ♬ original sound – Alo_portal