Како ли ќе успее Кина да тестира 11 милиони луѓе за 10 дена?!
Експертите истакнале дека тестовите можат да бидат организирани со временска разлика, така што примероците можат да се соберат и масовно да се преработат.
„Најамбициозен и најагресеивен напор за сузбивање на заразата во историјата“. Вака Светската здравствена организација СЗО ја нарече стратегијата на Кина во борбата против коронавирусот.
Но, и најновата цел на Пекинг да ја тестира целата популација во Вухан за само 10 дена, предизвика сомнеж ширум светот, објави Би-Би-Си.
На локалните власти во Вухан им е наложено да смислат планови за тестирање на 11 милиони регистрирани жители, почнувајќи од луѓето кои спаѓаат во ризичната група, како и здравствените работници.
Експертите истакнале дека тестовите можат да бидат организирани со временска разлика, така што примероците можат да се соберат и масовно да се преработат.
Тестовите, велат тие, ќе откријат дали во Вухан има активно заразени со коронавирусот.
Но, ваквата амбициозна задача, додаваат екпертите, барем во теорија значи дека во Вухан ќе треба да се тестираат најмалку милион жители дневно, а тоа е огромен скок во однос на моменталниот дневен капацитет од 40.000 до 60.000 тестирани луѓе.
– Можеби ќе мораме да очекуваме чудо – изјави Јанжонг Хуанг од организацијата „Global Health“.