Како Индија ќе игра „главна улога“ за вакцината против ковид-19?
Индија е меѓу најголемите производители на генерички лекови и вакцини во светот. Таа е дом на половина дузина големи производители на вакцини и мноштво помали.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела изјави дека Индија и САД работат заедно на развивање на вакцините против коронавирусот, објави „ВВС“.
Забелешката на Помпео не беше воопшто изненадување.
Двете држави имаат спроведено меѓународно призната програма за развој на вакцини веќе повеќе од три децении.
Тие работеа на запирање на денга, ентерични заболувања, грип и ТБ во нивните проекти. Процесот за вакцината против денга се планира во блиска иднина.
Индија е меѓу најголемите производители на генерички лекови и вакцини во светот. Таа е дом на половина дузина големи производители на вакцини и мноштво помали, правејќи дози против детска парализа, менингитис, пневмонија, ротавирус, „BCG“, сипаници, заушки и рубеола, меѓу другите болести.
Сега половина дузина индиски фирми развиваат вакцини против вирусот што го предизвикува ковид-19.
Еден од нив е „Serum Institute“ во Индија, најголемиот светски производител на вакцини по број на дози произведени и продадени на глобално ниво. 53-годишната компанија секоја година прави 1,5 милијарди дози, главно од нејзините два објекти во западниот град Пуне. (Има уште два мали погони во Холандија и Чешка.) Во оваа компанија работат околу 7.000 луѓе.
Компанијата доставува околу 20 вакцини во 165 земји. Околу 80% од нејзините вакцини се извезуваат и, во просек чинат 50 центи за доза и тие се едни од најевтините во светот.
Вакцина против коронавирусот која во Велика Британија оваа недела почнала со фаза на тестирање на луѓето, би можела да се појави на пазарот во октомври, рече Адар Понавала, генерален директор на „Serum Institute“, индиската компанија која планира да ја произведува.
Вакцината ја произвеле научници од Оксфорд, а индиската компанија планира да започне производство веќе за две до три недели. Појавување на вакцината на пазарот зависи од тоа колку ќе биде успешно тестирањето на луѓето.
– Нашиот тим работи со докторот Хил од Оксфорд и очекуваме почеток на производство во следните две до три недели. Првите шест месеци ќе произведеме пет милиони дози месечно, па се надеваме дека потоа производството ќе порасне на 10 милиони во истиот период – вели Понавала.
Тој додава дека вакцината на пазарот се очекува во октомври, но како што напоменува, само ако тестирањата се успешни со потребната проверка на ефикасност и безбедност.
– Треба да се напомене дека го зголемуваме процесот на производство на наш ризик, за да имаме доволна доза за сите, ако клиничките тестирања се покажат успешни – напомена Понавала.
– Нема да ја патентираме, бидејќи сакаме да се произведува и продава во целиот свет, а не само во Индија. Се надевам дека истото ќе го следат и другите компании кои ќе ја откријат вакцината за што побргу да имаме милијарда вакцини низ целиот свет – рече Понавала.