Како ќе седат сватовите во ресторани по корона кризата, ќе дознаеме во средина на мај

1,421

Во средината на мај ќе биде претставен новиот концепт како ќе биде организирана работата на рестораните, хотелите, градинките и училиштата – рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на прашањето дека има многу заинтересирани граѓани за тоа од кога ќе се отворат рестораните и како ќе се организираат свадбите и други свечености.

Комисијата за заразни болести веќе подготвува повеќе протоколи за овие прашања, а, како што рече Филипче, секако ќе има одредени критериуми за тоа како ќе бидат наместени масите и со укажување на дистанца.






– Веќе се подготвени протоколите за одржување разни курсеви, едукации, за јавниот превоз. За работа на ресторани, училишта и градинки не се завршени. Сите протоколи прво ќе се споеделат со стопанските комори. Сметам дека е сѐ уште рано – до средината на мај ќе го формираме концептот –  рече Филипче.

Тој апелираше мерките да се почитуваат. Бројките  на новозаболени се помали од претходните недели, но по околу една недела ќе се види дали овој тренд ќе продолжи, за да се осигураме дека нема некој скриен кластер кој може да се појави.

Во врска со зголемени цени на тестовите во некои приватни институци, Филипче одговори:

– Во однос на тестовите, беше донесена одлука по дискусија на Централниот штаб на Владата дека Фондот треба да ги плати цените во приватните институции толку колку што ги плаќале пациентите и таква одлука беше донесена. И непосредно после тоа прочитав и јас во медиумите, немам никаква ингеренција, ниту сум имал информации и не е точно дека со мое знаење биле зголемени цените бидејќи тоа е одлука на приватните институции. Наша работа беше да заради зголемување на капацитетот да плаќаме колку што плаќале граѓаните и таа цена да им ја понудиме  на приватните лаборатории – рече министерот.

 

Поврзани содржини