Владата денеска го објави протоколот за градинките во кој се пропишани критериумите за тоа како ќе се работи.
Според протоколот, се ограничува бројот на деца во една група: за децата до двегодишна возраст максималниот број во една група е 6 деца, а за децата од 3 до 10-годишна возраст максимум е дозволено да има по 15 деца. Се препорачува во секоја група да има по двајца вработени во смена.
При приемот на децата во градинка ќе има распоред по возрасни групи на тој начин што помеѓу приемот на две групи кои влегуваат на ист влез ќе треба да помине период од 10 минути.
При влез во установите на сите има се мери температура. Вработените задолжително ќе носат маски.
Во просториите престојот на децата треба да се организира така да нема меѓусебен контакт на различни групи на деца во согласност со можностите. За секое дете ќе треба да се обезбедат по две постелнини. На секои два часа, пак, ќе се прави дезинфекција на прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите. Растојанието меѓу масите треба да биде 1,5 или 2 метра.
Родителите ќе треба да достават и лекарска потврда од матичен за здравствената состојба на детето, и дека родителот работните задачи ги извршува на работно место, а не од дома.
Владата сѐ уште не донесе одлука кога ќе почнат со работа градинките.