КАКО ДА СЕ ВОЈУВА ВО СКОПЈЕ, НЕ ВО КИЕВ Граѓаните во паника ги празнат полиците во маркетите
Најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна, средства за хигиена.
Како пред војна. Рафтовите во помалите продавници се празнат од брашно, зејтин конзерви. Граѓаните ги фати паника поради војната во Украина или очекуваат цените драстично да скокнат од 1 март поради нивното одмрзнување.
На социјалните мрежи осамнаа постови со празни рафтови од неколку маркети во Ѓорче Петров, а коментарите се дека најмногу се купува брашно, зејтин, ориз, грав, замрзната и конзервирана храна, средства за хигиена.
Еден од нашите сограѓани кој ги споделил овие фотографии, на шега напишал дека го гранатираат Киев, а не Скопје.