КАКО ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА? Азески во посета на рудниците „Тораница“ и „Злетово“

 Компанијата „Булмак 2016“, каде што работат 800 лица, е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија.

63

Делегација на Стопанската комора  предводена од претседателот Бранко Азески ќе ја посети компанијата „Булмак 2016“ Пробиштип, дел од Минстрој Холдингот, кој е концесионер на рудните наоѓалишта „Злетово“ и „Тораница“.

Тимот од Комората ќе има средба со менаџментот на компанијата „Булмак 2016“, со цел да се запознае со работата на рудниците во услови на енергетска криза и да даде поддршка при адресирањето на мерките кои му се потребни на стопанството.






Компанијата „Булмак 2016“, каде што работат 800 лица, е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија.

Поврзани содржини