КАКО ДА САКААТ КАВГА СО НАС На високата претставничка на ЕУ за надворешна политика не ѝ се допаднал говорот на американскиот потпретседател

Поранешната естонска премиерка нагласи дека сојузниците треба да се фокусираат на поголемите закани, како што е руската агресија врз Украина.

1,683

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас изјави дека говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс на Минхенската безбедносна конференција изгледал како обид за „предизвикување кавга“ со Европа.

– Слушајќи го неговиот говор, впечатокот е дека САД сакаат кавга со нас, но ние не сакаме расправија со нашите пријатели – изјави Калас.






Поранешната естонска премиерка нагласи дека сојузниците треба да се фокусираат на поголемите закани, како што е руската агресија врз Украина.

Во својот говор, Ванс остро критикуваше неколку европски држави, вклучително и Велика Британија, и изрази загриженост за „отстапувањето на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“ кои ги споделува со САД.

Тој ја засили својата критика кон европската демократија, истакнувајќи дека „не секогаш е јасно што се случило со некои од победниците на Студената војна“.

Говорот на Ванс и неговото кратко споменување на војната во Украина доаѓаат во време на зголемена загриженост и неизвесност околу надворешната политика на администрацијата на Доналд Трамп.

Поврзани содржини