Како да излегла од филм за возрасни: Ќерката на Мадона се појавила полугола на настапот на мајка ѝ! (ФОТО)
Лурдес Леон се појавила на настапот на својата мајка, поп-ѕвездата Мадона во еден хотел во Њујорк во многу оскудна комбинација.
Ќерката на поп-кралицата сѐ повеќе личи на мајка си, ако се земе предвид нејзината ексцентрична појава.
Мадона отсекогаш ги поместувала границите кога е разголеноста во прашање и често самоуверено го покажува своето тело и на 63 години. Многу светски ѕвезди го следат примерот на Мадона и ги копираат нејзините стајлинзи, особено на сцената.
Очигледно Мадона ѝ е идол и пример на Лурдес, со оглед на тоа дека се појавила во сексапилна комбинација на настапот на својата мајка и станала главна атракција.
View this post on Instagram
Лурдес носела кожен топ со лого од магазинот „Плејбој“ и панталони кои имале отвор на предниот дел, кој целосно ја откривал нејзината долна облека и изгледа како да излегла од филм за возрасни.
Со својот стајлинг се пофалила на инстаграм-стори, каде ги покажала и влакната под пазувите, а нејзините фотографии набрзо ги преплавија социјалните мрежи.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм