КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ЦРЕВАТА Избегнувајте ги шеќерот, колбасите и месото, затоа што се најштетни
Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно, нагласи Фрилинг.
Средоземноморската исхрана влијае на благосостојбата на цревата со години. Нивното здравје директно зависи од храната што се внесува, па затоа и треба да се размислува за здраво јадење, советува германскиот лекар Томас Фрилинг.
Докторот советува дека нерафинираниот бел шеќер треба целосно да се исклучи од менито, бидејќи одредени бактерии, меѓу кои и клетки на рак, се размножуваат во „слатката“ средина. Следни што треба да бидат исклучени се соленото и чаденото месо и колбасите.
– Овие намирници содржат канцерогени материи, па затоа советувам да не консумирате повеќе од 500 грама црвено месо неделно – нагласи Фрилинг.
Листата на здрава храна која го продолжува животот на цревата е долга – на прво место се гравот и зеленчукот кои содржат растителни влакна и повеќе хранливи состојки. По нив следат бананите кои се богати со инулин, па рибата, овошјето, компирот и црниот леб.