КАКО ДА ЈА ЗАШТИТИТЕ КОЖАТА ВО ЛЕТО? Превенција што започнува со рутина

Рутината за заштита може да се состои од три едноставни чекори: темелно чистење на кожата, нанесување серум за хидратација или витамин C и задолжително, крема што содржи SPF. Ако се изложувате подолго на сонце, заштитата се обновува на секои два часа.

194

Сончевата светлина ни дава живот, но не и безмерно. Исто како што ја буди природата, може и да ја наруши рамнотежата на нашето тело особено кога станува збор за кожата. Во ерата на естетиката и грижата за себе, повеќе од било кога е важно да се сфати: превенцијата од рак на кожа не е страв, туку грижа за себеси. И токму затоа, грижата не започнува со паника, туку со рутина во нега на кожата.

Заштитата од сонце треба да биде секојдневна пракса, нешто слично како миење лице или нанесување крема. Секое утро, пред да излезете, нанесете заштитен фактор, дури и ако денот е облачен. Најчестите оштетувања не доаѓаат од екстремно изложување на сонце, туку од секојдневна, невидлива акумулација на штетните УВ зраци. Тие не бараат дозвола да навлезат под кожата токму затоа треба ние да поставиме одредена бариера.






Еден од препорачаните производи за секојдневна заштита е SUNDANCE Mattierendes Sonnenfluid SPF 50 достапен во dm дрогериите. Со лесна текстура што не ја мрси кожата, овој флуид е совршен за лице и врат, дури и како подлога под шминка. Има висока заштита и се нанесува лесно и доста е удобен како текстура, токму затоа не постојат изговори да биде прескокнат како производ.

Рутината за заштита може да се состои од три едноставни чекори: темелно чистење на кожата, нанесување серум за хидратација или витамин C и задолжително, крема што содржи SPF. Ако се изложувате подолго на сонце, заштитата се обновува на секои два часа.

Истото важи и при шетање, патување со автомобил, па дури и додека се работи покрај прозорец. Негата на кожата не е само за убавина. Таа е чин на свесност, одлука за сопственото здравје. Не треба да се чека лето за да се започне со заштита од сонце. Треба да се почне денес, нежно, со рутина што ќе стане секојдневие, а кожата ќе биде благодарна низ годините што доаѓаат.

Дознајте повеќе на: https://www.dm.mk/marki/sundance.

Поврзани содржини