КАКО БРЗО ДА ГО НАМАЛИТЕ ПРИТИСОКОТ? Лут пипер со топла вода и мед е најбрзиот начин за намалување на хипертензијата
Ако крвниот притисок нагло ви се покачува и се чувствувате лошо, добро е да знаете неколку трикови како да го намалите набрзина. Еден начин за брзо намалување на крвниот притисок е да консумирате одредени намирници кои влијаат на него.
Високиот крвен притисок е болест која мачи сè повеќе луѓе. Некогаш бил резервиран за постарите, а денес зафаќа сè помлада и помлада популација. Крвниот притисок многу зависи од начинот на живот, кој вклучува физичка активност, исхрана, нивото на стрес на кој сме изложени. И токму заради сето тоа, хипертензијата стана болест на модерното време. Многу влијаат и брзото темпо на живот, многу обврски и многу грижи. Кога на тоа ќе се додаде лошата исхрана, полна со масти, сол и шеќер, прекумерното консумирање алкохол, пушењето и недостатокот на физичка активност, ситуацијата станува уште полоша. Но, високиот крвен притисок не мора секогаш да биде последица од начинот на живот, може да биде и генетски условен, но во секој случај лошо влијае на организмот.
Последиците од високиот крвен притисок може да бидат фатални. Најлошото е што тие се чувствуваат само кога болеста веќе напредува. Затоа ја нарекуваат „тивок убиец“. Симптомите кои се манифестираат како хронична главоболка, вртоглавица, замор, крварење од носот често се последица на оваа болест.
За жал, истите овие симптоми можат да ги почувствуваат и здравите луѓе од многу други причини, па ретко кој ги поврзува со хипертензија додека не биде доцна, односно додека не се појават посериозни последици, како што се срцеви заболувања, срцев или мозочен удар.
Алармантно е што и првите симптоми на висок крвен притисок значат напредна болест која треба итно да се лекува. И не само со препишаните лекарства, туку и со начинот на живот, односно со ослободување од сè што го зголемува притисокот. Луѓето со висок крвен притисок често се ставаат на посебен режим на исхрана, мора да почнат да се занимаваат со некои спортови, да ја регулираат својата оптимална тежина и секако – да го намалат нивото на стрес.
Намалување на притисокот со храна
Намалувањето на високиот крвен притисок би требало да се одвива со начинот на живот. За вистинско здравје потребно е да се смени исхраната и да се зголеми физичката активност на дневна база. Како и секое лекување, ова е процес. Меѓутоа, ако крвниот притисок нагло ви се покачува и се чувствувате лошо, добро е да знаете неколку трикови како да го намалите набрзина. Ваквата прва помош нема целосно да го реши вашиот медицински проблем, но може да направи да се чувствувате подобро за миг.
За тоа со кои намирници и на кои начини можете брзо да го намалите притисокот, прочитајте на порталот „Арт кујна“.
Фото: Unsplash