Како беснееше Ѓоковиќ по поразот од Зверев? (ВИДЕО)

Ти си најдобриот играч на сите времиња, извини за ова - рече Зверев со солзи во очите.

4,898

И најдобрите губат, а кога тоа го прави Ѓоковиќ се слушаат извици по целиот терен. Првиот тенисер во светот речиси го имаше златото на дофат кога го освои првиот сет со 6:1 и брејк-предноста во вториот, но тогаш работите застанаа.

По шест загубени поени во серија, Ѓоковиќ се обиде да се врати во игра, а потоа – го испушти бесот надвор, пишува Мондо.






Видете како тоа изгледаше.

Новак се сврте кон ложата кајшто седеше српскиот селектор Виктор Троицки заедно со останатите српски спортисти.

„Ќе ми кажеш ли?“, извика тој, иако е нејасно што точно рече.

А Зверев, наместо да слави, дури заплака и му се извини на Ѓоковиќ.

–  Ти си најдобриот играч на сите времиња, извини за ова – рече Зверев со солзи во очите.

Сепак, Ѓоковиќ има уште една шанса за злато во Токио. Тој попладнево ќе настапи во полуфинале во мешани двојки.

Поврзани содржини