КАКО 11-МЕСЕЧНОТО БЕБЕ СКРШИЛО КЛУЧНА КОСКА? Медицинско вештачење треба да покаже што се случило во градинката во Шуто Оризари

Утре вонреден инспекциски надзор во градинката ќе извршат и инспектори за заштита на децата од Министерството за труд и социјала. Иако не добиле официјална претставка за случајот, ќе постапат по допрен глас и службена должност.

251

Медицинското вештачење ќе покаже како е повредено 11- месечното бебе и дали тоа се случило во градинката „8 април“ или на друго место. Ова го побарале истражните органи за да може целосно да се расчисти случајот.

Семејството Салиу кое е поврзано со поранешниот пратеник обвинува за негрижа од страна на негувателките, а пак градоначалникот на Шуто Оризари под чија надлежност е Установата се сомнева дека настанот има друга позадина.






– Мислам дека од страна на обвинителството е побарано да се даде второ мислење односно вештачење на детето за да се утврди кога е настаната повредата на детето поради тоа што има сомнеж бидејќи детето престојувало само два саати кога родителите тврдат дека е повредено и за тие два саати немаше такви појави за да биде нешто показател дека детето паднало, некој го удрил или како што викаат во онаа најлоша варијанта дека било тепано и мислам дека вештачењето ќе каже најубаво и подобро е да почекаме до утре – изјави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Утре вонреден инспекциски надзор во градинката ќе извршат и инспектори за заштита на децата од Министерството за труд и социјала. Иако не добиле официјална претставка за случајот, ќе постапат по допрен глас и службена должност.

– За утврдување на фактичката состојба и неправилности во работата на стручниот кадар, кој го згрижувал детето, ќе бидат преземени мерки согласно Законот за заштита на децата – велат од МТСП.

Вчера во изјава за медиумите таткото обвини дека неговата ќерќа била повредена додека престојувала во градинка во петокот. Тој покажа рентген снимка и медицински извештај од Клинички на кој пишува дека детето има фрактура на клучната коска.

НОВ СКАНДАЛ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА, ОВОЈПАТ ВО ШУТО ОРИЗАРИ На родителите им рекле дека бебето им е нервозно поради забите, а тоа имало скршеница на рамото

Поврзани содржини