КАДЕ СТИГНAВМЕ СО ЛОШИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО? Трипуновски објави статистика за лошиот тренд во тутунопроизводството

Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители, вели Трипуновски.

179

Денеска се исплатени субвенциите за тутун на 14.300 тутунопроизводители. Ова ќе беше добра вест се додека не ја погледнеме статистиката за тутунот и тутунопроизводителите, реагира дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски по објавените податоци за исплата на субвенциите од страна на Министерството за земјоделство.

Трипуновски во објавата на социјалните мрежи прави споредба на бројот на тутунари и исплатени субвенции во 2016 и 2023 година.

„Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители“, пишува тој.

Според Трипуновски, количината на откупен тутун во 2023 година изнесува 14,8 милиони килограми или за 10,4 милиони килограми помалку споредбено со 2016 година кога вкупно биле откупени 25,2 милиони килограми тутун.

Трипуновски додава дека негативните статистики за бројот на тутунопроизводителите и количината на откупен тутун имаат и негативен финансиски удел, односно само по основ на извоз на тутун во 2023 година имаме неверојатни 70 милиони евра помал девизен приход во споредба со 2016 година.

„Ова се успешните земјоделски политики на (Љупчо) Николовски  и СДСМ, низ статистиката гледаме како се уништува македонското земјоделство и како секој ден се повеќе се намалува бројот на земјоделците во Македонија“, коментира Трипуновски.

Поврзани содржини