Каде може да одмарате со ваучер доделен од владата?
Државата годинава ќе вложи 15.000.000 денари со кои ќе обезбеди 1.250 ваучери од по 12.000 денари.
Министерството за економија ја објави листата на хотели кои ќе примаат гости со ваучери за одмор од мерката на Владата за помош на работници со ниски приходи.
На листата се 76 хотели и 11 туристички агенции преку кои ќе се реализира летувањето.
Според критериумите за добивање ваучер право имаат семејствата чии месечни примања не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Државата годинава ќе вложи 15.000.000 денари со кои ќе обезбеди 1.250 ваучери од по 12.000 денари.