КАДЕ Е ДОНИРАНИОТ ЕХО АПАРАТ? Мистериозно исчезнување на опрема во кичевската болница

Надлежните органи веднаш започнаа со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите поврзани со исчезнувањето на медицинскиот апарат.

1,608

Вчера, во Полициската станица во Кичево, беше пријавено дека од Општата болница недостасува ехо апарат. Според информациите, вработените во болницата забележале исчезнување на апаратот и веднаш ја известиле полицијата.

„На 21 октомври 2024 година, во 11:45 часот, во Одделот за внатрешни работи (ОВР) Кичево беше пријавено дека од Општата болница недостасува ехо апарат, кој бил дониран од Министерството за здравство за време на ковид пандемијата во 2021 година“, информираат од Министерството за внатрешни работи.






Надлежните органи веднаш започнаа со преземање на мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите поврзани со исчезнувањето на медицинскиот апарат.

Поврзани содржини