КАЧЕН НА СКАЛА ЈА ШПИУНИРАЛ ДОДЕКА ПРОБУВАЛА ОБЛЕКА Девојка пријавила вознемирувачки случај во трговски центар

Инцидентот се случил во продавница во трговски центар во Ѓорче Петров, а полицијата веќе разговарала со 43-годишен скопјанец.

624

Дваесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била набљудувана додека пробувала облека во гардероба на продавница во трговски центар во скопската населба Ѓорче Петров.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 16 јули во 17:30 часот во СВР Скопје.






Според пријавата, инцидентот се случил околу 14:30 часот, кога девојката, додека се пресоблекувала во гардероба, забележала маж качен на скала кој ја гледал.

Во врска со настанот, во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С. (43) од Скопје.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини