Кацарска: Пукај имаш чиста мета убиј го Заев, слушавме на судењето, тие не се уставобранители

Штета што судењето не беше пренесувано во живо, ние гледавме два месеци снимки од кои бевме згрозени. Јас ви ветувам дека ниту еден политичар не може да ми каже како  да работам, вели Кацарска.

3,526

Никоја нереална критика и која не е заснована на факт не допира до мене. Зарем  по 34 годишен судски стаж некој може да оспорува моја одлука во Уставниот суд, вели претседателка на Уставнот суд Добрила Кацарска во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за судењето за случајот за „27 април“.

– Јас имав од кого да научам, мои учители како приправник беа Цаца и слични судии. Критиката од опозицијата е секојдневна. Жалам што таа допира до мојата мајка и ќерка до мене не. Во предметот за „27 април“ се изнесуваат невистини и со тоа се доведува јавноста во заблуда и жалам што тоа се прави. Не може да стане збор за уставобранители, луѓе кои влегле во Собрание, поставиле експлозивна направа, се тепаа пратеници, новинари и да гледаме и слушаме маскирано лице како вели: „Пукај имаш чиста мета убиј го Заев“,  мислам дека на јавноста и е доволно јасно. Штета што судењето не беше пренесувано во живо, ние гледавме два месеци снимки од кои бевме згрозени. Јас ви ветувам дека ниту еден политичар не може да ми каже како  да работам – вели Кацарска.

Поврзани содржини