Кабелски оператори: Фондот за поддршка на медиуми ќе ја зголеми месечната претплата

669

 Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори. Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата, се вели во реакцијата на здружението на кабелски оператори.

„Доколку Владата ја донесе Уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на „профитабилни“ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници, или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“, се вели во известувањето од Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје.

Поврзани содржини