Кај Зубово се излеа реката Струмица (ВИДЕО)

Инаку, од утре не очекува постудено време, односно ќе има намалување на температурите, со можност за појава на снег, иако во овој регион е помала веројатноста.

339

Силните врнежи од дожд предизвикаа зголемени водостои на реките во скоро целиот регион.

Во струмичко најголем е водостојот на реката Струмица, која засега нема посериозни излевања.






Камерите на канал Вис денеска при обиколка на струмичко забележале одредени излевања на коритото на реката Струмица кај селото Зубово, но во поле каде нема насади и не се регистрирани штети.

Инаку, од утре не очекува постудено време, односно ќе има намалување на температурите, со можност за појава на снег, иако во овој регион е помала веројатноста.

УХМР апелира до граѓаните внимателно да се движат покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Поврзани содржини