Илјадници Македонци со бугарски пасош живеат кај Трајчо во Средец
Сите овие илјадници странци имаат истата адреса - улица Леге број 6 во главниот град Софија, каде се наоѓа администрацијата на Средец, потврдил за „БГНЕС“ градоначалникот на областа, Трајчо Трајков.
Бугарската агенција „БГНЕС“ објави дека повеќе од 1.000 странци со 45.752 имиња содржи документацијата за најнаселениот дел во Бугарија, а тоа е населбата Средец во Софија.
Сите овие илјадници странци имаат истата адреса – улица Леге број 6 во главниот град Софија, каде се наоѓа администрацијата на Средец, потврдил за „БГНЕС“ градоначалникот на областа, Трајчо Трајков.
Според списокот до кој дојде „БГНЕС“, „огромниот број од тие луѓе се со имиња и презимиња кои имаат македонски завршеток, а кои го добиле бугарското државјанство врз основа на докажано бугарско потекло“.
Градоначалникот на областа Средец, Трајков, за „БГНЕС“ објаснува дека тоа е така бидејќи, според законот, оние граѓани кои се стекнале со бугарско државјанство и живеат во странство, добиле постојана адреса, како што вели, „кај него во зградата на окружната администрација“, во случајот Средец. Според последните податоци, тие жители на таа адреса се веќе над 82 илјади.
Градоначалникот Трајков ова го соопштил во пресрет на парламентарните избори во Бугарија и додава дека често ги гледа тие луѓе како користат административни услуги во областа, но дека нивните гласачки ливчиња „веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало и досега“.
Според процедурата за добивање бугарско државјанство и пасош, барателот мора да пријави адреса во Бугарија. Според податоците на бугарското министерство за правда, од 2010 до 2020 година околу 66.000 Македонци добиле бугарско државјанство.