Кај тетовец најдени речиси 13.000 фалсификувани евра, франци и кувајтски динари
Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Тетовското обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против лице од селото Долна Лешница за фалсификување пари.
– На 12 март, при претрес во домот на осомничениот 44-годишник биле пронајдени фалсификувани 12.885 евра, 250 швајцарски франци и 40 кувајтски динари. Лажните банкноти во различни апоени осомничениот имал намера да ги пушти во оптек како вистински – велат од обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност да ја попречува истрагата и да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.